Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајка кај Делчево

by Fokus

Вчера вечерта во близина на Делчево се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а едно се здоби со тешки повреди.

„На 17.11.2020 во 20:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица, кај место викано „Баткова чешма“, атар на с.Драмче, делчевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од Љ.Т.(49) од Македонска Каменица и патничко возило „волво“, управувано од П.С.(52) од Македонска Каменица, и двете со регистарски ознаки од Македонска Каменица. Во незгодата, П.С. се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобил и Љ.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево“, велат од МВР.

Поврзани новости