Едно лице повредено во пожар на Зелено пазарче

by fokus

Во пожарот што избувна попладнево на Зеленото пазарче е повреден педесет и тригодишниот Е.Х.. Тој се сдоил со повреди при гаснењето на пожарот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето се здобило со изгореници на двете дланки и било пренесено во ГОБ „Свети Наум Охридски“, каде му е укажана лекарска помош.

Во пожарот зафатени беа четири тезги, при што една целосно изгоре.

Поврзани новости