„Единствена Македонија“ ќе побара од Собранието да ја повлече одлуката за членство во НАТО

by fokus

Единствена Македонија денеска во Собранието ќе поднесе иницијатива за повлекување на одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација – НАТО, што ја донесе Собранието на седницата одржана на 23 декември 1993.

Единствена Македонија е новото име на партијата Народно движење за Македонија кое лидерот Јанко Бачев го претстави во неделата кога беа избрани и седум нови членови на извршниот комитет на партијата. Партијата најави дека ќе побара повлекување на сите документи за членство на Македонија во НАТО и ќе се залага за сојуз со Русија и влез во Евроазиската Унија.

Поврзани новости