ДЗС: Во 2022 година од насилна смрт во земјава починале 486 лица

by Fokus

Бројот на починати лица од насилна смрт лани е намален за 28.2% во однос на претходната година и изнесува 486. Починатите од насилна смрт учествуваат во вкупниот морталитет со 2.2%. Во структурата на починати од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2022 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 78.6%, самоубиствата со 20.2% и убиствата со 1.2 %.

Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат починати лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 55.1 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Кај категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација, со учество од 12.3 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт, велат од ДЗС.

Кај убиствата, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин учествуваат со 0.8 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Поврзани новости