Две млади момчиња уапсени во Градски парк поради марихуана

by fokus

Вчера попладне, полицијата уапси двајца скопјани во Градски парк поради поседување на марихуана. Исто така, бил извршен претрес во дом на момче од Радишани.

„На 01.10.2019 во 13.00 часот полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје, во Градскиот парк ги лишиле од слобода Х.П.(21) и Ф.К.(23), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. После тоа, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Х.П.(21) во населба Радишани, при што била пронајдена и одземена марихуана, семки од марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости