Две млади лица повредени во сообраќајка на патот Велес-Чашка

by fokus

Две лица се повредени во сообраќајката што денеска во 11:30 часот се случи меѓу патничко возило и моторцикл на регионалниот пат Велес-Чашка, на излезот од Велес.

Повредените на возраст од 17 и 18 години кои биле на моторциклот со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Велес.

Од Службата за итна медицинска помош информираат дека двете лица биле во свесна состојба и оти итно се пренесени на Хируршкото одделение во Општата болница во Велес.

На местото на несреќата се врши увид од страна на надлежните органи. 

– Поради сообраќајната несреќа и увидот кој е во тек, екипи на СВР Велес вршат наизменично припуштање на возилата од двете страни, изјави Димитар Каракулев од СВР Велес. 

Поврзани новости