Две лица повредени откако ги прегазил паркиран камион кој се придвижил

by Fokus

Вчера утрото, две лица биле пренесени во болницата „Св. Наум Охридски“ откако биле прегазени од паркиран камион кој сам се придвижил.

„На 11.10.2020 околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје биле донесени повредени А.А.(37) од Скопје и А.Д.(26) од с.Брест. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а при извршен разговор со А.А., тој кажал дека заедно со А.Д. се здобиле со повреди откако само се придвижило товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица помеѓу с.Брест и с.Малино Маало. Притоа, кај А.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.Р. телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид е извршен од екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости