Заев: Искористете го последниот ден од „Викенд без ДДВ“, купувајте македонски производи!

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска ги повика граѓаните да го искористат последниот ден од „Викенд без ДДВ“, за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема.

-Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ (во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка), ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема. Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Заев.

Поврзани новости