Двајца загинати во денешното гранатирање на руска погранична зона со Украина

by Fokus

Најмалку две лица загинаа, а две се повредени денеска во бомбардирањето на руската област Белгород, која граничи со Украина, соопштија локалните власти.

Таа област беше цел на повеќекратни напади во последните денови.

Една жена е убиена во градот Нова Тавољанка и една во блиското село Безлудовка, во областа Чебекино, објави гувернерот на Белгород на Телеграм.

Стотици жители на оваа област беа евакуирани во Белгород, главниот град на истоимената област.

Поврзани новости