Дваесет и шестгодишник со камион прегази велосипедист од Кичево

by fokus

Камион „Мерцедес“ со кој управувал дваесет и шестгодишник од кичевското село Гарани, вчера околу пладне прегазил велосипедист на возраст од 63 години.

-На 01.12.2023 во 12.10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, кај место викано „Ѓубриштето“, товарно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(26) од с.Гарани, кичевско, удрило во велосипед управуван од Ј.С.(63) од Кичево, соопшти МВР.

Од здобиените повреди на местото починал велосипедистот, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Поврзани новости