Двајца малолетници силувале друг малолетник во Центар и се заканувале со остар предмет

by fokus

Двајца малолетници со закана со остар предмет нападнале друг малолетник и го силувале.

Инцидентот се случил на 28-ми минатиот месец во Центар, а вчера го пријавил таткото на нападнатиот малолетник.

-На 01.12.2023 во 19.30 часот во Полициска станица Центар, Н.К. од Скопје пријавил дека на 28.11.2023 на подрачје на Центар двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости