Дурловски: Не барав амнестија не затоа што сум смел, туку затоа што не сум виновен

by fokus

Оперскиот певец, Игор Дурловски, денеска ги даде своите завршни зборови како обвинет во предметот за 27 април, дека со своите говори пред Собрание ја поттикнувал толпата да го изврши насилниот упад. Дурловски на судот му се обрати со неколку прашања, важни, како што рече, при донесување на пресудата.

Тој му рече на судечкиот совет да го осуди доколку најде и најмал доказ дека учествувал и го планирал упадот во Собранието.

-Не барав амнестија затоа што сум смел, туку затоа што не сум виновен – рече Дурловски.

Дента на 27 април, додаде тој, откако ја испеал химната, заминал со неговиот син на ракометен натпревар во спортската сала „Јане Сандански“. Се вратил откако видел на интернет дека луѓе влегуваат во Собранието.

–Кој е тој потпалувачки говор со кој сум повикувал на рушење на уставниот поредок?  Ако е вистина тоа што вели ОЈО, тогаш осудете ме. Сведокот Курто Дудуш рече дека мислел оти ме видел, но не беше сигурен. Овде прв пат го видов. Врз основа на изјава на обвинет, ОЈО ме терети дека сум правел нешто за интерес. Одвратно е тврдењето дека сум бил платен да протестирам. Дали за мене има еден доказ дека сум планирал да се случи 27 април? Нема такво нешто – изјави Дурловски.

Поврзани новости