Дукоски: Кривичните пријави кои ги поднесе Боки 13 се директно поврзани со “Рекет” и “Меѓународен сојуз”!

by fokus

Бојан Јовановски -Боки 13 денеска неколку часа се задржа во скопското јавно обвинителство каде што поднесе две кривични пријави. Тој планира да поднесе уште десетина пријави, но денес имало време само за две.

Неговиот адвокат Сашко Дукоски истакна дека со овие пријави се опфатени неколку политичари и бизнисмени за повеќе кривичи дела како противзаконито посредување, изнуда, давање лажен исказ, измама, тортура…

-Кривичните пријави се многу поврзани со предметите “Рекет” и “Меѓународен сојуз”, но во моментот не можат да го сменат статусот на Јовановски, кој е осуден со првостепена пресуда, појаснува Дукоски за “Фокус”.

Дукоски вели дека докази за овие кривични пријави се кријат и во телефонот на Јовановски, кој според него, не бил извештачен во текот на судењето за “Рекет”, иако инсистираа во текот на судскиот процес.

Дукоски додава дека на 3 јули Јовановски повторно ќе оди во Обвинителството, со што ќе продолжи со поднесување на кривичните пријави, кои ги дава директно на записник.

Боки 13 неодамна беше осуден на 9 годишна затворска казна, а Катица Јанева на 7 години затвор.

На 1 јули пак ќе стартува и судењето за “Меѓународен сојуз”, во кој обвинет е Јовановски, неговиот татко, но и пратеничката Фросина Ременски.

Валентина Вурмо

 

Поврзани новости