ДУИ спремна да му ја даде позицијата „Албанец премиер“ на Мицкоски

by fokus

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека ДУИ е спремна да ја даде и позицијата Албанец премиер до избори ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го побара тоа.

-Јас сум малку повеќе информиран од другите поради позицијата Министер за надворешни работи. Знам дека сега е време за големи и сериозни компромиси за напредок на државата. Сега се прават отстапки за доброто на сите. Ако Мицкоски ја побара позицијата премиер на Влада до избори, и за тоа сме спремни. Спремни сме да ја дадеме позицијата премиер на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се историски времиња и затоа сме спремни на компромис кој води до решение, порача Османи.

Поврзани новости