ДУИ очекува специјален обвинител до крајот на месецов

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна во новоименуваниот албански амбасадор во Македонија, Фатос Река, а тема на разговорите била политичката ситуација во Македонија и постигнатиот договор за надминување на кризата.

-Претседателот на ДУИ Ахмети го запозна амбасадорот околу политичкиот дијалог кој се развива меѓу четирите најголеми партии во земјата, со меѓународно посредство. Состаноците на работните групи треба да продолжат во понеделник, додека ДУИ ги информираше страните околу партиските позиции во врска со прашања поврзани со изборите, како и специјален обвинител. ДУИ се надева дека партиите ќе постигнат договор за овие две прашања до крајот на август за да се усвојат консензуално во парламентот по враќањето на опозицијата во почетокот на септември“, се наведува во соопштението на ДУИ за средбата на Ахмети со албанскиот амбасадор.

Амбасадорот Река нагласил дека Албанија силно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија како и целосната имплементација на Охридскиот договор како предуслов за добри меѓуетнички односи во земјата.

 

Поврзани новости