УМС: ВМРО-ДПМНЕ работи за подобрување на животот на младите

by Фокус

УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска по повод Светскиот ден на младите постави штанд на скопскиот плоштад за собирање на идеи и креативни идеи за она што им е потребно на младите. Претставниците на УМС не сакаа да одговорат на новинарските прашања за тоа какви проблеми имаат младите во Македонија, а штандот по еден час беше отстранет.

На пресконференцијата при поставување на штандот, Даниела Симоновска од УМС им порача на младите да се придружат на Унијата за заедно да ја градат иднината.

-ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија каде најмногу доверба им се дава на младите и се работи за подобрување на животниот стандард имајќи ја во предвид енергијата, посветеноста, креативноста, желбата за одлучно преземање на предизвици. Мотото на оваа иницијатива за собирање на идеи кои подоцна ќе бидат разгледани за имплементирање на истите е „Напиши идеја за подобар живот на младите“, рече Симоновска.

Кога новинарите ја прашаа со какви проблеми се соочуваат младите во Македонија, таа одби да одговори и им порача доколку имаат идеја, да ја напишат на таблата за креативни идеи.

Поврзани новости