14 години од Охридскиот рамковен договор

by Фокус

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на денешен ден, пред 14 години во Скопје и преставуваше политички документ за решавање на тогашната криза во Македонија.

Документот го потпишаа претседателот на Македонија Борис Трајковски и лидерите на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствуваа и високи меѓународни претставници.

Дел од основните принципи на Рамковниот договор

-Целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели. Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија.

-Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања.

-Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот.

Поврзани новости