189
Централното претседателство на ДУИ дискутираше за актуелните политички случувања. На оваа седница, како што соопшија од партијата, едногласно и со целосен консензус беа усвоени три нови кандидатури за градоначалници. Фламур Ѓолека ќе биде кандидат за градоначалник на Долнени, Али Јаоски на Пласница, а Исамедин Азиси на Бутел.
„ДУИ е во завршна фаза на селекција на сите кандидатури со кои Националната алијанса за интеграција ќе настапи на локалните избори. Референдумот на 19 октомври ќе биде историски момент за народот-ден кога одлучно ќе се врати достоинството и ќе се зајакне улогата во државата“, велат од ДУИ.