ДС: Со еврообврзницата ќе се купуваат гласови

by fokus

По вчерашното задолжување од 450 милиони евра, од Демократскиот сојуз најавија дека ќе предложат законски решенија со кои ќе се оневозможи Владата да ги задолжува граѓаните без согласност од Собранието.

Од партијата обвинуваат дека парите од еврообврзницата, власта пред се ќе ги користи за клиентелизам или како што велат, за купување на гласови за предвремените избори.

– Владата и понатаму должи објаснување за висината на долгот што го направи, за високата камата, за тоа на што ќе ги потроши парите и како ќе се враќаат. Ова расипничко и арогантно  однесување само ја потврдува потребата на граѓаните од брзи избори, од промена и од одговорност – велат од Демократски сојуз.

Од ДС додаваат дека последниот долг со издавање на еврообврзница е направен без претходна анализа и консултација на експерти, како и без елементарно информирање на Собранието и на пошироката јавност.

Поврзани новости