Наумов: Јавниот долг достигна ново историско ниво!

by fokus

-Со вчерашното задолжување, власта јавниот долг го зголеми за повеќе од 3 милијарди евра и од вчера долгот е на ново историско ниво од речиси 5 милијарди евра или повеќе од 50 проценти од бруто-домашниот производ – алармира Кире Наумов од СДСМ.

Наумов уште еднаш потенцира дека еврообврзницата од 450 милиони евра е незаконско задолжување и порача дека одговорност ќе сносат сите инволвирани во нејзиното издавање.

– Укажуваме дека министерот за правда не смее да се крие и мора јавно да излезе и да одговори дали Министерството за правда има издадено правно мислење за правната важност за издавањето на оваа еврообврзница. Министерството за финансии тврди дека има. Доколку и денеска министерот за правда не излезе да ги расчисти дилемите, сметаме дека тој и неговата партија ДУИ се исто така соучесници во финансиското злосторство што го направи ВМРО-ДПМНЕ по налог на Никола Груевски – изјави Наумов.

Наумов вети дека СДСМ ќе ги искористи сите механизми за да спречи непродуктивни трошења со кои власта ги задолжи граѓаните.

Поврзани новости