Судот одби да ѝ го одземе пасошот на Гордана Јанкулоска

by fokus

Кривичниот суд го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошот на ексминистерката Гордана Јанкуловска, осомничена во случајот „Тврдина”

 „При одлучувањето судијата на претходна постапка го имаше предвид и однесувањето на осомничената во текот на постапката, фактот дека соработува со судот и уредно се јавува на поканите кое нешто не упатува на заклучок дека кај осомничената постои опасност од бегство“, се наведува во решението.

Јанкулоска, според решението, пред судијата на претходна постапка истакнала дека предлогот е неоснован и тврди дека е невина. Таа рекла оти предметот е отворен од пред три месеци, па доколку сакала да ја напушти земјата, досега ќе го сторела тоа.

Обвинителството, пак, доставило докази за постапката за уништување на опремата за прислушување за која, покрај Јанкулоска, осомничени се и Горан Грујевски, сега веќе поранешен началник на Петта управа, и уште три лица.

Што се однесува до другите осомничени, за кои се предложени мерки за претпазливост, судот  дополнително ќе одлучува.

Поврзани новости