Државниот правобранител ќе го повлече предлогот за забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос“

by fokus

Државниот правобранител на Република Македонија утре ќе го повлече предлогот до Основниот суд Скопје 2 за изрекување на мерката времена забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос”.

Како што соопштија од Државното правобранителство за МИА, решението е донесено по направи дополнителни и целосни согледувања и правни анализи.

– Од страна на Државниот правобранител, после информацијата дека филмот веќе се емитува, констатирано е дека по однос на барањето нема веќе правна основа. Согласно ингеренциите, постапувањето на Државниот правобранител ќе биде насочено единствено кон заштита на имотните права на Република Македонија поврзани со исплатите на надоместокот за филмот од Буџетот на Република Македонија, наведуваат од Државното правобранителство.

Поврзани новости