Државата ќе покрива половина од трошоците за семинари и конференции во хотели

by Фокус

Владата денеска усвои измени и дополнувања на програмата за развој на туризмот за 2020 година со програма за субвенции за кофинансирање на настани, обуки, семинари и конференции за оваа година. Согласно овие измени, како што соопштија од Владата, ќе се кофинансираат трошоци за организирање на настани, обуки, семинари и конференции до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари, со цел поддршка на домашните хотели и надминување на ефектите од корона кризата.

„Настаните обуките, семинарите и конференциите треба да бидат организирани во категоризирани угостителски објекти во Република Северна Македонија. За оваа цел, Министерството за економија ќе објави Јавен повик за доделување на субвенции за кофинансирање на трошоците за организирање на настани, обуки, семинари, и конференции на кој право на учество имаат сите заинтересирани правни лица, фондации и здружениjа на граѓани, кои ги исполнуваат условите што ќе се предвидат во јавниот повик. Јавниот повик ќе се објави во два дневни весници и веб страната на Министерството“, информираат од владата.

Поврзани новости