Еврокомесарот Вархеји разговарал со Заев и Мицкоски: Изборите да бидат фер и инклузивни

by Фокус

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји остварил разговори со партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски околу претстојните предвремени парламентарни избори.

„Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ја истакнав важноста од слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, водејќи сметка за состојбата со ковид-19, како и за потребата од ефикасно економско закрепнување“, напиша тој на Твитер.

Инаку, Владата на денешната седница донесе измени на Уредбата за изборниот процес во насока на ажурирање на избирачкиот список, со што го отвори патот за одржување на изборите на 5 јули, но опозицијата одбива избори поради ситуацијата со корона вирусот.

Поврзани новости