Доктор Жан Зимбаков најверојатно ќе биде нов директор на Клиниката за Кардиологија

by Fokus

Доктор Жан Зимбаков најверојатно ќе биде новиот директор на скопската Клиника за кардиологија, дознава „Фокус“.

Неговото име најмногу се врти во лекарските кругови, а тој доаѓа на местото на поранешниот директор доктор Беким Поцеста, кој доаѓаше од редовите на Алијансата за Албанците, кои беа коалициони партнери во владата со СДСМ.

По одлуката да ја напуштат владината коалиција, сите нивни директори си поднесоа оставки.

Инаку, кардиологот Зимбаков од пред неколку месеци раководи со второстепената комисија за лекување во странство, кој дојде на местото на ортопедот Анастасика Попоска, мајка на екс министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

И.М.

Поврзани новости