Доделување на стипендии од Фондацијата Никола Јанчев

by Fokus

Денеска во работните простории на Кожувчанка ДОО се одржа прес конференција на Фондацијата ”Никола Јанчев” по повод доделување на стипендии на талентирани студенти. Се работи за 10 СТИПЕНДИИ наменети за ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ запишани на државните факултети на територијата на Македонија . По детално разгледување на сите пристигнати апликации комисијата одлучи да ги награди 10-те апликанти:
1 .Славе Темков
2 .Страшо Наумов
3 .Ирена Давчевска
4 .Менче Лазова
5. Иван Камчев
6 .Весна Темкова
7 .Борис Ифтимов
8. Загорка Јованова
9. Кристина Јовановиќ
10. Дијана Ристова
* Марија Трајкова*

Марија Трајкова и понатаму продолжува да биде наш стипендист се до завршување на нејзиното високо образование. Сите добитници денеска добија и други пригодни награди. Годинешните стипендии се со еднократен износ од 500 евра во денарска противреднoст и ќе бидат исплатени заклучно со 15.07.2021 год. На присутните денеска им се обратија Јанинка Чупарароска и Митко Јанчев кои раководат со Фондацијата која го носи името на нивниот татко.

Поврзани новости