Додека работел на циркулар си ги скинал трите прста на левата рака

by Fokus

Деветнаесетгодишно момче завршило со повреди на раката, откако се повредил на работното место, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 15.12 часот од Градската општа болница “Наум Охридски“ било пријавено дека бил донесен С.Џ. (19) од Скопје, кај кого биле констатирани тешки телесни повреди (скинати три прсти на левата рака).

Според информациите објавени во полицискиот билтен, 19-годишното момче со повредите се здобило околу 14.40 часот додека работел на циркулар во фирма на ул. „Перо Наков“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости