Албанец од Македонија фатен со 400 грама хероин во патиките при влез во Србија

by fokus

На контролниот пункт помеѓу Србија и Коково синоќа во 19 часот е фатен Македонец од албанска националност како се обидува да прошверцува 400 грама хероин во патиките.

Како што информираат од Управата на српската царина, 34-годишниот државјанин на Македонија како пешак се појавил на контролниот пункт доаѓајќи од Косово. На прашање на цариникот дали има нешто да пријави, одговорил дека нема.

Со претресот под улошките на неговите патики се најдени две кесички со вкупно 423 грама хероин. Фатениот 34-годишник се бранел тврдејќи дека не знаел дека во неговите патики се наоѓа дрога. Како што рекол, наводно, непознати луѓе му рекле на одреден ден да ги земе спорните патики од контејнер и како знае да ги пренесе во Загреб.

Поврзани новости