Затвореник ќе се запалел, заспал со цигара во рака и предизвикал пожар во ќелијата

by fokus

Против 31-годишен затвореник од тетовското село Мала Речица е поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ бидејќи предизвикал пожарот во ќелијата во Казнено поправната установа Затвор – Тетово, каде што одлежувал затворска казна.

Според полицијата на 11-ти август, околу 04.30 часот во ќелијата  на Б.Ф. избувнал пожар. Според пријавениот, пожарот настанал од цигара што му паднала врз душекот откако заспал, по што вработените во затворот го извлекле затвореникот од ќелијата и го изгаснале пожарот.

Поврзани новости