ДКСК поднесе иницијативи за кривично гонење на в.д директорот на Агенцијата за филм, за сегашниот и за поранешни градоначалници на Радовиш

by Fokus

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница одлучи да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм.

Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска го образложи случајот со Агенцијата за филм, ревизорските извештаи за финансиското работење на Агенцијата и документите што се проверувани. Таа истакна дека Владата треба да ги слуша нивните препораки и да ги препрочитува ревизорските извештаи.

Антикорупционерите иницијатива за кривично гонење усвоија и за актуелниот и поранешни градоначалници на Радовиш затоа што 12 пати ангажирале лице како вршител на должност директор на јавното претпријатие „Плаваја“ – Радовиш без објавување оглас.

Според антикорупционерот, Нури Бајрами, оваа ситуција е пример за корупција и упад во правниот систем.

Информираа дека до ДКСК стасале и материјали за случајот со Клиниката за онкологија, но тие ќе бидат проследени до надлежните институции имајќи предвид дека за него веќе се води истрага во Обвинителството.

Поврзани новости