ДИЦ: Тестовите од државната матура почнаа да се споделуваат во вибер-групи откако почна полагањето

by Fokus

Државниот испитен центар (ДИЦ) ги демантира објавите во некои медиуми дека се пробиени тестови од државната матура и појаснува дека имало споделување тестови во вибер-групи откако почнало полагањето на испитот

„Тестовите од Државен испитен центар не се пробиени. Тестови не се пробиени до 10 часот кога почна тестирањето, тестови се споделени во вибер-групите од страна на членовите откако започна реализацијата на испитот. Државниот испитен центар нагласува уште еднаш дека тестот не е пробиен, туку бил споделуван откако е започната реализацијата на испитот“, соопшти ДИЦ.

Од Центарот наведуваат дека како и во минатите години, пред почетокот на државната матура апелирале до сите матуранти и до сите што се вклучени во реализацијата на испитот да се почитуваат правилата за изведување на државната матура.

Поврзани новости