Димитров: Потребен ни е фокус и акција!

by Fokus

Вицепремиерот Димиров ко-претседаваше со Заедничкиот мониторинг комитет на ЕК. Со цел да се направи преглед на спроведувањето на средствата алоцирани преку ИПА, вицепремиерот Димитров нагласи дека наодите од Извештајот на ЕК за Северна Македонија ќе се користат како референтна точка за рационализирање и управување со реформите кои произлегуваат од европската агенда за да ги обезбедиме европските стандарди за нашите граѓани преку ЕУ фондовите.

„Потребен ни е фокус и акција, досегашното искуство и предизвиците да ги искористиме како катализатор за да создадеме појасна слика за нашите следни чекори и да одиме одлучно напред. Искрениот, партнерски пристап и подобрувањето на координацијата во спроведувањето на ИПА се клучните предуслови за постигнување на заедничките цели“, вели Димитров.

Поврзани новости