559
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека Македонија има добар напредок во пет области од Извештајот за напредок од ЕУ.
-Го чекаме Хан доцна вечерва да пристигне во Макеоднија и утре на рака да ни го предаде Извештајот за напредокот. Има констатации дека земјата ја надмина најтешката политичка криза од 2001 година. Има девет области, Македонија има добар напредок во пет, а во четири има извесен. Во овој последен период на известување, Македонија е земја со најголем напредок во однос на другите земји. Не помина ниту цела година од 27 април, каде беше Македонија на тој денес, каде е денес?, праша Димитров.