И Албанија доби препорака за преговори со ЕУ, Србија условена со Косово

by fokus

Европската комисија денеска препорача Македонија и Албанија да почнат преговори за членство во Европската унија.

Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан изјави дека препораката се базира на направената длабока анализа, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори.

Тој истакна дека политиката за проширување на ЕУ носи резултати, а земјите од Западен Балкан повторно ја потврдија својата европска иднина. Европската комисија, како што посочи, за тоа ги награди Македонија и Албанија со препорака за почнување на пристапните преговори.

Во Извештајот на ЕК за Србија се посочува дека земјата остварила напредок во преговорите за членство во ЕУ, но оти темпото на преговори ќе зависи од напредокот во областа на владеењето на правото и нормализацијата на односите со Косово.

Натамошното напредување на Црна Гора ќе зависи од постигнување на видливи резултати во слободата на изразување и медиумите, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Во препораката се посочува дека правосудниот систем на Црна Гора треба да покаже повеќе резултати.

Во документот за наредокот на БиХ кон ЕУ се посочува дека политичките лидери на Босна и Херцеговина мора да преземат одговорност и да покажат подготвеност за компромиси, пред се околу измените на изборната рамка, што би се обезбедиле правилна организација и спроведување на изборите во октомври.

Поврзани новости