Димитриевски: На СДСМ не му требаат лидери кои се во сенка на поединци

by fokus

Нема да коментирам имиња, ниту да се мешам во внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Според него, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е „да избира лидери кои се во сенка на поединци“.

– Во една прилика реков и повторно ќе повторам без разлика на студениот однос на мојот политички субјект и на раководството коешто во моментов менаџира со него, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е да избира лидери кои се во сенка на поединци, рече Димитриевски.

Поврзани новости