Подобро ќе беше Заев да останеше неутрален како Црвенковски, смета Ременски

by fokus

Јас добив подршка од многу сегашни и поранешни функционери, но најмногу сакам да ја акцентирам поддршката од искрените членови и борци, а посебно младите и жените.

Ова во изјава за „Фокус“ го истакна кандидатката за претседателка на СДСМ, Фросина Ременски на прашањето дали досега добила поддршка од некои сегашни или поранешни функционери на СДСМ.

Можам да се пофалам со нивните имиња и авторитети, некој од нив ќе бидат и мои најблиски соработници, но тоа не оди во прилог на обединувањето, туку дополнително поттикнува дебати за “табори, крила, ветени резултати, непринципиелни игри, притисоци кон членството” и разединување на членството кое треба да гласа во недела.
Јас сакам во недела да биде ченет и гласан мојот авторитет, придонес и визија за партијата, а не резултатите на министри, вели Ременски за „Фокус“.

Таа смета дека во недела не треба да се гласа за „сенките“ на кандидатите, туку за самите кандидати и нивната визија за партијата.

Членството е доволно поделено токму поради тие „сенки“, подржување на еден или неподдржување на друг. Видете го само Куманово како еклатантен пример.
Не мислам дека, поддршката од функционерите заради кои и заради чии желби, СДСМ изгуби драгоцени луѓе и гласови на локални избори може да му помогне на било кој кандидат во оваа трка. Тие поддршки се само чин на позиционирање и избегнување на одговорности за резултатите и очекувањата.
Па, самата оставка на претседателот Заев беше казна и преземена одговорност во име на сите тие функционери, рече Ременски.

Таа смета дека поддршката од членството на тајно гладање е најважна и верува дека веќе знаат кој на која патека и за каква трка и реформа го позиционира СДСМ.

Ако претседателот Зоран Заев го почитуваше принципот на поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски од 2013 година да остане неутрален во трката за негов наследник, оваа трка ќе ја зголемеше видливоста, независноста и интегритетот на сите кандидати.
Членството сака континуитети, но сака и промени кои ќе ги имаме ако донесеме новини и ако погледнеме наназад за да видиме кого се’ оставивме на патот кон власт, изјави Ременски.

Што се однесува до поканата на противкандидатот Јован Деспотовски заедно да ги промовираат програмите, таа вели дека има идеја за заедничка презентација на програмите пред членството и јавноста, но се отстапило од тоа.

К.С.Б.

Поврзани новости