Дилерка од Гевгелија фатена преку купецот

by fokus

32-годишна гевгеличанка „заработи“ кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Гевгеличанката била фатена преку купец на кого му продала марихуана и семки од канабис.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Т.(32) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.03.2019 година во Гевгелија, на место викано Караорман, полициски службеници кај Х.М. пронашле и одзеле марихуана и семки од Cannabis, кои претходно ги купил од пријавената“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости