Дилавер Бојку застрелан во Струга, најверојатно починал во болница

by fokus

На плажа во Струга со која стопанисувал е застрелан Дилавер Бојку, потврдија за Телма извори од истрагата. Нападот се случил околу 17 часот на плажата Аква-Блускај во центарот на Струга.

Со тешки повреди Бојку е префрлен во струшката болница. Од полицијата засега не соопштуваат детали, а во тек е формирање на полициски истражен тим кој ќе работи по насоките на обвинителот задолжен за истрагата.

Според последните информации, Бојку им подлегнал на повредите од огнено оружје во болница.

Поврзани новости