ВМРО-ДПМНЕ: Именувањето на Лешоски е деградирање на македонската култура

by fokus

Владата на СДСM и министерот за некултура Алаѓозовски продолжуваат со деградирањето на културата во Македонија. Именувањето на партискиот поет на СДСM, Дарко Лешоски  за претседател на Управен Одбор на Струшки вечери на поезија е навреда за овој светски реномиран поетски настан, но и за докажаните поети во Македонија, изјави денес од пред Мнистерството за култура Владимир Атанасов.

Атанасов вели дека оваа позиција Лешоски не ја заслужил за долгогодишната поетска работа, туку само заради својот политички придонес во време на платеничката шарена револуција.

-Струшките вечери на поезијата е најголемата светска поетска манифестација и сега Заев ја множи со нула именувајќи го Дарко Лешоски за нејзин прв човек. Впрочем Споредете го Дарко Лешоски со имиња како Ацо Шопов, па Матеја Матевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Јован Котески, Петре Бакевски, Симон Дракул и плејада други реномирани автори кои биле на оваа позиција и ќе ви стане јасно каков е односот на новата власт кон културата, културните дејци и културните манифестации во Македонија. Очигледно фејсбук поезијата и статусите на Лешоски му се допаднале на Заев па проценил дека тоа е доволно некој да води една светски призната манифестација која во Македонија се одржува од 1966 година – истакнува Атанасов.

Поврзани новости