Џонсон: Договорот за името е фантастична вест

by fokus 10:18
10:18

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името.

– Фантастична вест е дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за прашањето за името. За ова е потребно лидерство и политичка храброст. Ги охрабрувам сите политички лидери во двете земји да ги препознаат бенефитите што ќе ги донесе решавањето на ова долгогодишно прашање, напиша британскиот министер за надворешни работи на Твитер.

- Advertisements -

Поврзани новости