СДСМ: Исправи се ВМРО-ДПМНЕ, поддржи ја македонската иднина!

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ да се исправи да ја поддржи македонската иднина и да каже ДА за решението коешто го зајакнува и обезбедува македонскиот идентитет еднаш – засекогаш!, порачуваат од СДСМ по однос на постигнатиот договор со Грција за името.

„Македонија нема уште генерации за губење. Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на решението на 25 годишниот спор, што со децениија влечеше земјава надолу.

ВМРО-ДПМНЕ треба да каже ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор.

Како најголема опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже зрелост и одговороност и да каже ДА за решението кое што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата!

ДА, за иднината на сите граѓани, ДА, за македонската иднина!“, велат од владејачката партија.

Поврзани новости