Џејн Фонда објави дека има рак, оди на хемотерапија

by Fokus

Актерката Џејн Фонда откри дека ѝ е дијагностициран рак и дека оди на хемотерапија.

Во објава до нејзините 1,9 милиони следбеници на Инстаграм, 84-годишната жена дека има не-Хоџкинова лимфома.

Фонда го опиша како „рак многу лекуван… па се чувствувам многу среќна“.

Холивудската икона ја искористи својата објава за да ја истакне состојбата на здравството во САД и рече дека ќе продолжи со својот климатски активизам.

Таа напиша дека се чувствува среќна затоа што има здравствено осигурување и пристап до најдобрите лекари и третмани.

„Сфаќам, и тоа е болно, дека сум привилегирана во ова. Речиси секое семејство во Америка мораше да се справи со ракот некогаш и премногу немаат пристап до квалитетната здравствена заштита што ја добивам и тоа не е во ред“.

Не-Хоџкиновата лимфома е редок рак кој се развива во лимфниот систем – огромната мрежа на садови и жлезди во телото.

Поврзани новости