Џафери со честитка за Денот на албанското знаме

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска упати честитка по повод албанскиот национален празник 28 Ноември – Денот на знамето и независноста на Албанија.

-Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,  припадници на албанската заедница,
Дозволете ми во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, со особена радост да Ви упатам срдечни честитки по повод албанскиот национален празник 28 Ноември – Денот на знамето, со искрени желби за бескрајни успеси и напредок на Албанците каде и да се.
Би сакал овој ноември да не не најдеше со олку трогателни вести кои доаѓаа од сите страни и прославувањето да беше во некоја посвечена атмосфера. Посакувам нашата заедничка определба за европска интеграција да биде единствениот патоказ кој што ќе не поттикнува да работиме со посветеност и да станеме што побрзо дел од големото европско семејство каде ќе можеме сите заедно да го дадеме нашиот придонес за еден подобар свет за младите генерации.
Посакувам празникот да го поминете во свечена атмосфера во топлиот семеен круг, каде и да се наоѓате низ светот.
Честит 28 Ноември!, напиша Џафери.

Поврзани новости