Џафери не можеше да го симне Димовски од говорница, измените на Изборниот законик влегоа во собраниска процедура

by fokus 15:49
15:49

Негодувања од опозицијата на денешната собраниска седница го поречуваа нејзиниот тек откако мнозинството го прифати предлогот на Владата измените на Изборниот законик да се разгледуваат по скратена постапка.

62 пратеници беа „за“, немаше воздржани и немаше против. Предлогот беше изгласан во отсуство на опозицијата.

- Advertisements -

Откако мнозинството се произнесе, во собраниската сала влегоа неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не му даде збор за процедурално на пратеникот Илија Димовски, но тој и понатаму инсистираше.

Димовски бараше документ, а Џафери му покажа документ според кој координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е Драган Данев. И покрај тоа Димовски не седнуваше на своето место, па Џафери му даде збор на заменик министерот за труд и социјална политика да ја образложи следната точка.

Поради галамата предизвикана од опозицијата, министерот не слушнал за која точка се работи, па почна да ги образложува измените на законот за дискриминација, наместо измените за Законот за минимална плата. Џафери мораше да го поправи и да го замоли заменик министерот да го поправи обраќањето пред пратениците.

 

Поврзани новости