Имавте време за ручек, доручек, вечера и све живо, им рече Џафери на пратениците кои доцнеа

by fokus

Измените на изборниот законик влегоа по скратена постапка во собраниска процедура откако 62 пратеници од парламентарното мнозинство, во отсуство на опозицијата, го дадоа својот глас за.

Седницата започна со речиси еден час задоцнување.

И покрај тоа претседателот на Собранието, Талат Џафери, мораше да ги замоли пратениците да влезат во салата за да се собере кворум.

-Пратениците имаа доволно време за ручек и за доручек и за вечера  за све живо. Ги повивкувам да влезат во салата – порача тој по што настапи гласањето.

Потоа следеше хаос и обид на неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ја опструираат седницата затоа што се против измените кои предвидуваат избор на членови на ДИК со апсолутно мнозинство, наместо со двотретинско.

Поврзани новости