Девојка е најдена почината во тоалет во Трговски центар

by fokus

Во тоалетите на приземјето од трговски центар во Скопје вчера околу 19.00 часот била пронајдена почината 30-годишната А.М. од Скопје. Неофицијлано станува збор за трговскиот центар „Сити мол“. Телото го нашле вработени во обезбедувањето на трговскиот центар.

Случајот бил пријавен во Единицата за информации и команда Скопје, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција, по што ќе се знае причината за смртта.

Поврзани новости