15-годишно момче е повредено во синоќешното каменување на двокатен автобус

by fokus

Испокршен бил вториот кат на двокатен автобус со број 65-б кој бил каменуван од група малолетници вчера околу 19.30 часот. Во инцидентот еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од скопското село Стајковци.

Возачот на автобусот подоцна пријавил во полиција дека на улицата „Алија Авдовиќ“ имало тепачка помеѓу две групи малолетници. Едната група го каменувала автобусот, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, при што биле искршени четири стакла од вториот кат.

Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба биле приведени 20 лица од двете групи. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости