Девет мигранти загинаа во бродска несреќа во близина на Тунис

by Fokus

Туниската крајбрежна стража извлече тела на девет мигранти од Африка од Средоземното Море по бродска несреќа во водите недалеку од градот Монастир додека се обидувале да стигнат до италијанскиот брег.

Портпаролот на судот во Монастир, Фарид Бен Џаха соопшти дека туниската крајбрежна стража успеала да спаси 29 од мигрантите.

Тој потврди дека во тек е потрага по други бродоломци во водите во близина на брегот на централен Тунис

Поврзани новости