Дете од струмичка градинка заразено со Ковид-19

by fokus

Во струмичката градинка има дете позитивно на КОВИД – 19. Резултатите пристигнале денеска, а детето не било носено на градинка од понеделникот, објави Канал Вис.

Во моментов течат консултациите со епидемиолошката служба за постапувањето во градинката но и за тоа колкумина вклучително и деца ќе бидат ставени во изолација.

Засега не се открива за кој клон на детската градинка „Детска радост“ станува збор.

Поврзани новости