Детали од терористичкиот напад во Лондон: Полјак притрчал да го сопре напаѓачот, монструмот го избодел пет пати

by Fokus

Терористичкиот напад кој во петокот се случил во Лондон изродил и неколку херои, кои храбро му се спротивставиле на Усман Кан, мажот кој со нож убил две, а повредил неколку лица на Лондонскиот мост.

Еден од хероите е Томас Греј, за кој медиумите веќе пишувале, а подоцна бил откриен и друг – Полјакот Лукаш, кој и самиот бил повреден, но не се откажал од тоа по секоја цена да го сопре Кан.

Лукаш чека и официјално признание во родната земја поради “пожртвуваност и храброст.

Тој имал дури пет убодни рано, но не се откажал од борбата и така, всушност, “им купил време” на нападнатите граѓани да побегнат.

Сепак, ни новинарите не успеале да дојдат до овој херој.

“Нема да го видите Лукаш, прво, премногу е скромен, а второ, не е снимен од видео надзорот”, рекол неговиот колега.

Сепак, опишал до детаљ како се одиграл случајот.

“Тој миеше чаши во подрумот и ги слушна врисоците. Бидејќи е оспособен за прва помош, свесно тргна на местото на нападот. Го виде терористот кој држеше два ножа, околу кој беа жртвите кои врискаа”, рекол тој.

Тогаш тргнал во храбрата борба. Но, забележал нешто необично кога го удрил во пределот на градите.

“Имаше некој вид на елек. Во тој момент започна жестока борба меѓу нив двајца, а Лукаш доби пет убодни рани. Иако беше сериозно повреден, не сопрел ни една минута”, продолжува колегата.

Тогаш на помош на Полјакот му дошле уште две или три лица и борбата продолжила.

Се завршило со пукање, при што терористот бил убиен, а за жал, неговиот чин однел два млади животи.

Поврзани новости